ВИДЕО: Човекот кој ја „плесна“ репортерката по задникот бил свештеник

Тркач рекреативец доби доживотна забрана за настап на трки и маратони од спортскиот сојуз на Савана откако во директен пренос ја удри новинарката по задник додека известуваше за настанот.

Подоцна беше утврдено дека се работи за Том Каловеј од Џорџија кој на трката од 5 километри додека минување на патеката ја удри по задникот новинарката Елекс Бозаријан што нејзе ни малку не и се допадна па прокоментира.

„Човекот кој ме удари по задницата на ТВ преносот: Ме посрамоти, ме нападна и ме претвори во сексуаелн објект. Ниту една жена никогаш не смее да биде изложена на вакви случувња“ напиша Бозаријан на својот профил на Твитер.

Ова видео го обиколи светот, а после сето тоа се воспостави дека човекот бил свештеник. И тоа свештеник кој работи со деца.

Свештеникот Том Каловеј веднаш ангажирал адвокат, и рекол дека го направил тоа инстиктивно и не знае по кој дел од телото ја „удрил“ репортерката.

Алекс пак најави тужба против него.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега