ВИДЕО: Црвена младина на Левица го врати старото име на паркот АСНОМ, кое беше заменето со Украина
Движењето Црвена младина на Левицата го врати старото име на паркот АСНОМ, кое беше заменето со името Украина.
„Денес, Црвената младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на народните херои, кој беше именуван Украина, го преименуваме во АСНОМ.
Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти оставаме да судите вие.
АСНОМ ЖИВЕЕ!“, порачаа од Црвената младина.
13.07.2023 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа