(ВИДЕО) Деканот на Градежен факултет со детали за „Беласица“: Опожарениот мост ќе биде затворен од два месеца до една година

Не било лесно да се направи детална форензика на еден мост, тврди деканот на Градежен факултет Горан Марковски, кој беше гостин во утринска на Телма.

Според него, доколку истрагата покаже дека е потребна скромна санација, таа би траела најмалку два месеци, а доколку е потребна сеопфатна санација тогаш ќе мине една година.

Мостот „Беласица“ беше оштетен во стравичен пожар пред една недела, а како главна сообраќајна артерија, која сега е надвор од употреба, предвика невиден сообраќаен хаос во Скопје. Пожарот зад себе остави многу неодговорени прашања, но предизвика и голем гнев и револт кај граѓаните. 

19.05.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега