(Видео) Десет гласови „за“, седум „против“; Уставните измени ставени на дневен ред на Комисијата за уставни прашања без опозицијата

 

 

Десет пратеници гласаа „за“ и седум пратеници „против“, а без воздржани, со што беше усвоен дневниот ред на Комисијата за уставни прашања. Против беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека, „за“ гласаа пратениците на СДСМ. Со ова почна процедурата за измена на Уставот, а на дневниот ред, точката гласи: „Предлог за пристапување кон измена на Уставот“.

„По експозето на премиерот, за збор според редоследот ќе бидат, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, претставникот на Алијанса на Албанците, претставникот на Левица, претставникот на СДСМ, претставникот на БЕСА, претставникот на Алтернатива, претставникот на ДУИ, отворам претрес“, кажа Талат Џафери, претседавач со комисијата.

Уставните измени се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во земјава. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ.

25.07.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега