(ВИДЕО) Димитриевски за Сител ТВ: Не очекувам до крајот на годинава да има предвремени избори

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на Сител ТВ изјави дека  не очекува до крајот на годинава да се случат предвремени избори, но како што вели, тие ќе бидат подготвени за кога и да се случат тие. 

„Можеме уште утре да се организираме. Тоа се случи во Куманово, ги повикавме граѓаните кои ни дадоа поддршка, излеговме на избори и ја добивме поддршката на граѓаните. Зошто најдобро знаат граѓаните. Вчера имавме состанок со девет невладини организации коишто успеавме да ги формираме на територија на целата држава и секако тие организации ќе бидат дел од иницијативата за формирање на партијата која што би требало да се случи кон крајот на септември, почеток на октомври. Измешан е составот, има луѓе кои биле некогаш во СДСМ и во ВМРО, но најголем дел од луѓето се тие коишто прв пат ќе влезат во политиката бидејќи чувствуваат дека состојбата е претежно многу тешка во државата, дека живееме во многу комплицирана држава која што е зависна од политичарите и едноставно, мора да ја ослободиме за да им ја дадеме на граѓаните назад, вели тој додавајќи дека идната партија на Димитриевски нема намера да биде во опозиција. 

14.09.2023 - 20:22
Фото: 
Принтскрин ТВ Сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега