ВИДЕО: Драма во Сараево - девојче барало помош од 5. спрат од зграда, пожарникарите влегле преку балконот на соседите

Вистинска драма се одвивала во сараевската населба Алипашино Поле.

Имено, во еден стан на петти спрат се наоѓало девојче кое плачело и барало помош. Засега е нејасно каде биле нејзините родители. Соседите повикале пожарникарна служба и полиција за да влезат во станот.

Како што пишуваат босанските медиуми, во станот до неодамна живеел стар брачен пар и во моментов се изнајмува. Пожарникарите, за да влезат во станот, одлучиле преку балконот од соседниот стан да дојдат до детето.

Поставиле стара врата меѓу балконот и прозорецот и влегле во другиот стан во кој било детето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега