ВИДЕО: Драматично спасување - полицајци и минувачи кренале автомобил, спасиле 8-месечно бебе во Њујорк

Двајца полицајци и минувачи спасиле 8-месечно бебе кое било заробено под автомобил откако во неа и нејзината мајка удрил автомобил.

Полицијата на Јонкерс во Њујорк соопштила дека возачот на автомобилот кој удрил во мајката и дедтот пребрзо свртел, удрил на ивицата и во паркираните автомобили. Мајката во тој момент поминувала улица заедно со бебето.

Автомобилот потоа удрил во берберница, заробувајќи го бебето доле, соопштила полицијата.

Двајцата полицајци кои во тој момент биле во близина, на појадок, побрзале до местото на несреќата и ја пронашле мајката во уништената берберница. Полицајците потоа со помош на минувачи го кренале возилото и го извлекле бебето.

На мајката ѝ била скршена ногата, додека бебето има фрактура на черепот и изгореници на грбот и стапалата. Двете биле порефрлени во болница и докторите предвидуваат дека ќе преживеат.

26.07.2021 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега