ВИДЕО: Џеј Ло во жешко издание- игра стриптиз на шипка

Пејачката и актерка Џеј Ло , објави видео на социјалните мрежи , на кое се гледа како се подготвува за улогата на стриптизета во филмот ,, Hustlers” .

Иако Џенифер Лопез наполни 50 години , на видеото тешко може да се забележат траги од старост. На видеото се гледа како Џеј Ло лесно се витка на шипката , но сепак вели дека не било толку едноставно.

“Животот почнува на крајот на зоната на удобност. Ова беше дефинитивно една од најтешките работи што некогаш сум физички сум ги направила.”

Нејзините обожаватели беа повеќе од воодушевени од објавата и ја наградија со бројни лајкови и коментари, а видеото беше прегледано скоро осум милиони пати.

„Ова е најсексипилното видео досега“, „Не можам да дочекам да го видам филмот“, „Го гледав со отворена уста“, „Убиваш“, беа некои од коментарите.

Филмот премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Торонто и ќе се појави во кино салите од 13 септември.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2019 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега