ВИДЕО: Експлозија на метеор од која ноќта се претворила во ден

Метеорот предизвикал тресење на земјиштето, и истото можело да се забележи од стотици километри далечина. Настанот се случил околу 3 часот и 30 минути, но поради светлината луѓето дури помислиле дека станува збор за зора. Зелената топка го осветлила небото, а потоа избледела и добила портокалов сјај. 

Пречникот на метеорот изнесувал околу 20 сантиметри, а се движел со брзина од околу 130 000 км/ч.

Илјадници луѓе од осум аргентиски провинции виделе силна светлост и своите впечатоци ги објавиле на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Некои од нив поставиле и видео-снимки од метеорот и светлосната топка.

најчитано сега