ВИДЕО: Ги подготвиле дрвата за огрев, а не знаеле дека таму се криела змија - најголемата отровница на Балканот

Во дворот на семејството Николиќ во Калиманци, Србија пронајден бил поскок долг околу 60 сантиметри. Најголемата отровница во Европа и Србија семејството Николиќ ја воочила во помошниот објект каде имале наредени дрва за претстојната сезона. За среќа, ја препознале отровницата и повикале стручна помош од Владица Станковиќ од Здружението за заштита на влекачи и животна средина „Поскок“.

„Луѓето препознале дека станува збор за Поскок. Морав да поместам уредно наредени дрва за огрев, но змијата влезе во ѕидот па морав полека да ја извлечам“, рекол Станковиќ и укажал дека во вакви ситуации луѓето мора да се обратат во Здруженијата и да не преземаат ништо на своја рака.

Погледнете како изгледал процесот на фаќање:

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2019 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега