ВИДЕО: Ѓоковиќ го покори Рим и испиша историја - титула за нов рекорд

Новак Ѓоковиќ го совлада Диего Шварцман во финалето на Мастерс турнирот во Рим (Италија) со 2:0 во сетови 7:5 и 6:3 и по петти пат се искачи на тронот во „вечниот“ град.

Најдобриот светски тенисер со овој триумф дојде до 36 мастерс титула и така стана играч со најголем број на освоени титули од серијата 1000. Почетокот на мечот не најавуваше победа на Србинот, бидејќи аргентинскиот натпреварувач беше поагресивен и стекна предност од 3:0.

Но, Ноле собра сили и со своето големо искуство, целосно се врати и направи пресврт за 4:3. Аргентинецот се бореше, но Ѓоковиќ беше најдобар кога беше најпотребно и со нов брејк дојде до 7:5 за освојување на првиот сет.

Во вториот сет немаше многу големи возбудувања, Шварцман веднаш направи брејк, но со иста мера возврати Србинот кој со сигурна игра мирно чекореше кон триумфот.

Без загубен поен дојде до брејк за 5:3, а потоа сервираше за победа. На тој начин Ѓоковиќ се загреа со шампионска титула пред настапот на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ (27 септември-11 октомври 2020 година).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега