ВИДЕО: Го бркаше низ цел град, го стигна и немаше куршум да го убие

Камерите поставени на улиците во Фоџа град во југот на Италија снимија неверојатна сцена во која може јасно да се види како еден 34 годишен Италијанец имал неверојатна среќа и успеал да преживее сигурна смрт. Микеле ди Бари кој бил продавач на автомобили, почнал да бега низ улиците откако кон него неколку куршуми испалил Микеле Морели, негов сограѓанин. Ди Бари при бегањето се сопнал и паднал. Кога во тој момент неговиот напаѓач се нашол над него, го стиснал орозот за да му пресуди, но, сфатил дека веќе ги испукал сите куршуми. Камерите го уловиле и тој веднаш бил приведен во полиција. Италијанските служби се сомневаат дека најверојатно станува збор за мафијашка пресметка. 

 

14.09.2013 - 13:07

најчитано сега