ВИДЕО: Го фатија жив на камера - двајца македонски полицајци добија кривични


Двајца полициски службеници ќе одговараат кривично за несовесно работење во службата откако во два наврати евидентирале лица дека влегле во Македонија на граничниот премин Блаце иако тие воопшто не биле приустни таму.

Како што стои во соопштението на МВР, едниот полицаец евидентирал турски државјани кои воопшто не влегле во Македонија додека другиот, кој бил раководител на смена, не ја исконтролирал работата иако согласно законот бил должен да врши надзор.
На тој начин им овозможиле на лицата да го регулираат престојот во државата и покрај тоа што како странци го пречекориле дозволениот период за престој согласно законските прописи, се вели во соопштението на МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како што велат од МВР, ќе  поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки именуваните да бидат отстранети од работното место и од министерството до завршување на дисциплинската постапка

05.04.2024 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега