ВИДЕО: Го погодија Макрон со јајце

Одекна видео  на социјалните мрежи, во кое Емануел Макрон, кој беше во посета на францускиот град Лион, беше погоден со јајце.

Како што може да се забележи на видеото, јајцето не се скрши.

Напаѓачот извика „Да живее револуцијата“. Мажот облечен во бермуди брзо беше совладан, уапсен и изнесен од зградата.

Инаку, ова не е прв пат францускиот претседател да биде нападнат. Претходно, на 8. јуни, доби шлаканица од човек во публика.

27.09.2021 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа