ВИДЕО: Голем пожар на Скопска Црна Гора - пламените јазици брзо се шират

Пожарот на Скопска Црна Гора што избувна денеска околу 13 часот се уште е активен. Како што јавува репортерот на ТВ21, моментално зафатена е поголема површина од страната на Куманово, кај местот викано Влајингроб и полека се шири кон село Никуштак, село Виштица и кон село Матејче во горниот дел од планинскиот превој.

Гори ниска мешана шума и бор, а Противпожарната бригада на Град Скопје добиле дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен.

Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување поради зачестените полски и шумски пожари апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега