ВИДЕО: Голема акција на српската полиција - уапсени 62 лица

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Србија со цел уништување на општиот криминал, во соработка со надлежните обвинителства, во повеќе одвоени акции уапсиле вкупно 62 лица поради сомнение дека извршиле различни кривични дела.

Уапсените се сомничат дека извршиле кривични дела неовластено производство и ставање во промент опојни дроги, недозволено производство, држење и носење, пуштање во промет на оружје и експлозивни материјали, тешки кражби, разбојништво, измама, загрозување на сигурност, недозволен премин на државната граница и криумчарење луѓе, фалсификување исправи, прикажување и поседување порнографски материјали и искористување на малолетни лица за порнографија и многу други кривични дела.

 

За време на акцијата, полицијата одземала 13.420 евра, 1.193 долари, околу 170.000 динари и повеќе возила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега