ВИДЕО: Гори катедралата Нотр Дам во Париз

Гори катедрлата Нотердам во Париз јавуват светските медиуми.

Станува збор за една од најпознатите катедрали во светот и една од најпосетуваните туристички локации во Париз.

 Засега не е позната причината за пожарот, но се претпоставува дека е можно да е поврзано со реновирањето на катедралата.

Градоначалникот на Париз потврди дека голем пожар ја зафатил Богородичната црква и упати апел луѓето да стојат понастрана и да не им пречат на пожарникарите.

Фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат како излегува густ чад над 850 години старата готска градба.

Минатата година, Католичката црква во Франција упати итно барање за финансиски средства за спасување на катедралата, која почна да се урива.

Катедралата е изградена во готски стил. Се наоѓа на малиот остров на реката Сена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега