ВИДЕО: Говорот кој сите го исчекуваа - кралицата се обрати во парламентот и го поддржа Џонсон

Приоритет на британската влада е да ја напушти Европската унија до 31. октомври, изјавила денеска англиската кралица Елизабета Втора.

Зборувајќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржала планор на премиерот Борис Џонсон да „работи на партнерството со Европската унија, засновано на слободна трговија и пријателска соработка“, пренесува Ројтерс.

Таа додала и дека британската влада, после излегувањето од ЕУ, ќе обезбеди државата и понатаму да има водечка улога во светските бизниси, како и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесува Би-Би-Си.

„Мојата влада ќе биде во првите редови при решавање на најкомплексните меѓународни безбедносни проблеми“, рекла кралицата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега