(ВИДЕО) Хорор во Косово: При пукање со калашников загинале двајца ученици и возачот на автобусот

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири лица.

Од болницата во Пеќ за ТВ Клан Косово потврдија дека загинале двајца ученици и возач на автобус. Од болницата соопштија дека не е познат бројот на повредени, пишува Косово онлајн.

Според Коха, на лице место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица на возраст од 18 и 17 години.

Албанските медиуми ги објавија имињата на жртвите. Загина возачот Г.Ѓ. и учениците Л.Х. и Г.М. Полицијата потврди дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека возачот е убиен, а неколку ученици се повредени.

Градоначалникот на Дечани, Баским Рамосај потврди дека вечерва се убиени три лица откако врз нив било пукано во автобусот во кој се возеле учениците.

„ Возачот починал на лице место, додека двајца ученици починале во болница“, рече Рамосај.

Рамосај рече дека автобусот превезувал ученици од Ѓаковица до Дечани.

Според неофицијални информации, нападот се случил поради одмазда. Имено, еден од патниците бил исфрлен од возачот и кондуктерот на автобусот бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа земал калашников, го чекал автобусот и испукал рафал.

 

 

27.11.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега