ВИДЕО: Хрват ја објаснил борбата со коронавирусот - „Ова не е корона, ова е ѓавол над ѓаволите“

Бројот на луѓе кои мораат да бидат сместени во сплитската болница поради коронавирус е се поголем.

Процентот на заболени во однос на бројот на тестирани исто така е се поголем, од некои 5 до 10 отсто на почетокот на вториот бран на епидемијата, во Сплитско-далматинската жупанија таа бројка е поголема за скоро 30 отсто.

Профе. д-р Иво Ивиќ од Клиниката за инфектологија КБЦ Сплит вели дека засега се е под контрола.

„Засега ситуацијата е се уште поволна, а што не чека не можеме да знаеме“, рекол тој.

Некои од пациентите отворено проговориле за својата борба.

„Се заразив на работа, добил прво мала температура, па почна малку поголема и еве ме каде што сум, со воспаление на белите дробови, тешко дишам. Болно е да се дише“, рекла една пациентка.

„Мислев дека нема да се извлечам. А, еве вчера и денес сум малку подобро. Тука сум веќе 20 дена. Никогаш претходно не сум имала никаква болест, ниту операција, ништо. Некои луѓе доаѓаат овде само на два дена па ќе видиме. А, морам да се пофалам вработените тука навистина секоја чест, се посветуваат на секој“, рекла друга пациентка.

Маж кој закрепнал од инфекцијата коронавирус ја нарекува сотона.

„Се чувствував никако, на ивица на смртта, не кашлав ниту ништо, само имав температура, чувство како да ме прегазил трамвај. Бев малаксан, еве сведоци се луѓето кои ме дочекаа овде. Не веруваа дека ќе преживеам до утрото. Тоа беше многу страшно. 12 дена ништо не јадев. Ова е ѓавол, ова не е корона, ова е гавол над ѓаволите. Сега почнав да јадам, живнав. Инаку сум дијабетечар. Не ми е страв дека ќе умрам, но не би дошол овде ако не ми е дојдено до живеење“, рекол пациентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа