ВИДЕО: Хрватите ги опустошија продавниците поради коронавирусот - нема маски, влажни марамици, ни антибактериски гелови

Загриженоста поради коронавирусот во Хрватска забрзано се шири и додека во аптеките нема заштитни маски, во поедини маркети нема ниту антибактериски гелови и влажни марамици. Исто така, се зголеми онлајн нарачувањето производи.

Во продавниците нема месо, брашно и слични потребни работи.

Од супермаркетите соопштуваат дека продавниците и складиштата се добро опремени и се спроведуваат зголемени хигиенски и санитарни мерки.

„Следете ги упатствата на кризниот штаб и Министерството за здравство кои се навистина примерни и направени на време. Немојте да натрупувате залихи храна и намирници“, рекла докторката Тихана Јендричко, специјалист за анксиозни пореметувања во Психијатриската болница Врапче.

Вели дека паниката не е тешко да се прошири, посебно со делумни информации кои знаат да се појават во вакви ситуации.

И пред официјалната потврда на случај на коронавурис во Хрватска, луѓето веќе почнале да собираат залихи. Редиците за заштитни маски биле непрегледни.

Продавачите ја ограничиле продажбата на десет маски по купувач, но сите веднаш збеснале.

Трговците потврдиле дека во последните неколку дена се зголемила продажбата на брашно, масло, шеќер, квасец, млеко, тоалетна хартија, конзерви, пасти за заби, сапуни за дезинфекција....

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега