(ВИДЕО) „Инстаграм“ наспроти реалност: Шијакоска преку видео ја долoвува драстичната разлика на прикажаното и вистинската слика

„Инстаграм“ наспроти реалност. Многупати јавните личности во светот, познатите лица во светот на модата, музиката и останатите професии, на социјалните мрежи како „Инстаграм“, „Фејсбук“, „Јутјуб“ објавуваат видеа и фотографии на кои изгледаат совршено. Објавуваат перфектно обработени фотографии и тешко дека на некоја од нив би нашле некоја мана. 

Меѓутоа, македонската инфлуенсерка, Александра Шијакоска само пред некој ден објави видео на кое ја прикажува ситуација „Инстаграм“ наспроти реалноста. Имено, таа се разладува во базен, и додека испливува над површината на водата се обидува да изгледа добро, но косата и го покрива лицето и и' пропадна обидот да ја добие „совршената Инстаграм фотографија“. А веднаш потоа, во истото видео е прикажано како успешно ја добива посакуваната фотографија. 

Мал потсетник до сите, дека не секогаш она што го гледаме на социјалните мрежи е вистина и дека е перфектен животот на секого позади профилот со кој раководи. И познатите личности имаат лоши денови и други проблеми, само кој повеќе, а кој помалку споделува со својот аудиториум за личниот живот и предизвиците со кои се соочува во истиот.

18.08.2022 - 22:30
Фото: 
Принтскрин Инстаграм / @aleksandrashijakoska

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега