(ВИДЕО) Јовановски: Шест месеци Стојковски не сработи ништо за Ѓорче Петров

Развојот на општина Ѓорче Петров во последниве шест месеци го достигна својот минимум. Неспособноста и безидејноста се врвна агенда и приоритет на Александар Стојкоски, истакна на денешната прес-конференција Кристијан Јовановски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров.

„Да не беа проектите на претходната власт, Стојкоски ќе немаше што да им презентира на ѓорчепетровци. Дури два пати го прошета и лидерот Мицкоски по улиците на Ѓорче Петров фалејќи се за нешто, за кое нема мрднато со мал прст. Но, затоа градионачалникот силно се вложува да си ги згрижи своите партиски војници. Можеби нема пари за улици, фекална канализација и водовод, но мора да има граѓански пари за партиски вработувања. Жителите на Ѓорче Петров за оваа година од свој џеб дадоа 230 илјади евра, за Стојкоски да си ги вдоми своите партиски другари во општината. Ѓорчепетровци преку исплата на даноци му подарија 6 илјади евра, за Стојкоски годинава да се гоштева со бајадери и најразновидни пијалоци. Дарежлив е и кон советниците и подобни вработени во општината на кои им овозможува неколкудневни семинари во ексклузивни хотели во земјава“, вели Јовановски.

„Каде е Ѓорче без кал?! Со ниту еден метар асфалт и ниту една коцка поставен бехатон. Прашуваме каде е зелената агенда?! Каде се 1 милион садници, пет мега паркови во Даме Груев, Волково, Пржина, Мирче Ацев и реконтрукција на постоечкиот, 600 клупи, 600 корпи или тоа се надоместува со неискосена трева висока и по еден метар! Не гледаме дека нешто се прави околу обезбедување на уште една сообраќајница и поврзување на руралниот дел од Ѓорче со градот. Нема ништо од кружен тек на Македонска војска, пробивање на Лука Геров кон Стопански Двор, пробивање на пешачката патека на кејот од Хром, до Карпош“, посочи Јовановски.

Оценува дека четири години Ѓорче беше едно големо градилиште и се работеше со полна пареа, носега како што вели на Ѓорче му треба тоа темпо.

„Господине Стојкоски, ветувавте дека ќе бидете градоначалник за сите, а не само за вашите партиски војници, ветувавте работа, а добивме антагонизам. Мора да работите за подобрување на условите за живот во Ѓорче Петров, а СДСМ е секогаш тука да помогне во таа мисија“, потенцира Јовановски.

18.05.2022 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега