ВИДЕО: Каде е Путин- Меркел и Макрон го „изгубија“ рускиот лидер на конференција во Берлин

На видео снимката се гледа дека германската канцеларка се врти кон државниот секретар на САД, Мајк Помпео и францускиот претседател, Емануел Макрон, и прашува за Путин.

Зачудената Ангела Меркел беше фатена како ги прашува своите колеги, светските лидери, за тоа каде се наоѓа рускиот претседател Владимир Путин, непосредно пред почетокот на мировна конференција за Либија во Берлин.

На видео снимката се гледа дека германската канцеларка се врти кон државниот секретар на САД, Мајк Помпео и францускиот претседател, Емануел Макрон, и прашува за Путин, бидејќи светските лидери се подготвуваа за прокололарната фотографијата.

Путин одеднаш беше забележан заедно со италијанскиот премиер Џузепе Конте, пред двајцата да бидат срдечно пречекани од францускиот претседател Макрон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега