(ВИДЕО) Кадиров се гордеел со својот син оти тепал затвореник: 15-годишниот син на чеченскиот лидер нема да одговара поради возраста

Синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров нема да биде под истрага за претепување на затвореник обвинет за палење на Куранот, бидејќи има само 15 години, објави рускиот портал „База“.

Како што пишува Ројтерс, самиот Кадиров изјавил дека се гордее со својот син Адам затоа што „се стекнал со возрасни идеали за чест, достоинство и одбрана на верата“.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види како млад човек удира со тупаници и клоца човек свиткан на стол, пред да го собори на подот и да го удри во главата.

Затвореникот Никита Зуравел се пожалил на нападот до комесарот за заштита на човековите права, кој рекол дека случајот го проследиле до нивните колеги во Чеченија, пренесуваат медиумите во регионот.

Рамзан Кадиров (47) е на чело на Чеченија од 2007 година, кога стана претседател, и е познат како верен сојузник на Владимир Путин.

04.10.2023 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега