(ВИДЕО) Kaeвски: Резолуцијата на Бундестагот е силна поддршка за ЕУ и потврда за македонскиот идентитет и јазик

 

„Во името на пратеничката група на СДСМ и на мнозинството упатувам благодарност за германскиот парламент, Бундестагот за усвоената Резолуција. Добивме поддршка на европскиот пат, потврда и признание на македонскиот јазик, култура, идентитет и посебност“. Овие пораки ги испрати денеска пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција.
 
„Во усвоената Резолуција поддржана од сестринската партија на СДСМ – СДП и од страна на Либералите и Зелените јасно стои: (цитирам)
 
„Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство.“
 
Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“
 
Јасна, силна и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме, за исправноста на политиките на Ковачевски, на СДСМ и на парламентарното мнозинство и за поддршката за продолжување на европскиот пат“, изјави Каевски.
 
„Дополнително ова е почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности“, додаде Каевски.

16.06.2023 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега