(ВИДЕО) Каевски за ТВ 24: Сме немале контакт со Груевски, кога ќе стапне во државата ќе лежи во затвор
СДСМ како партија е единствена што непосредно бира лидер и тоа ја покажува нејзината големина. Кога ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрепартиски проблеми и расколи е склона да вели дека има тајни средби и средби преку поредници со СДСМ. Тоа е дефокус. Во ДПМНЕ нема кохезија по многу прашања. Тие се бројат и пребројуваат и меѓусебно се жигосуваат. Јас не ги бројам пратениците кој кого поставил. Има структури во ДПМНЕ кои се проевропски настроени и велат дека насоката во која се движи сега раководството на опозицијата не е добра, вели портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
- Јас кажав дека ниту сме имале ниту ќе имаме контакт со Никола Груевски. Груевски кога ќе стапне во државата ќе треба да одлежи затвор по правосилни судски пресуди. За нас главен фокус е дека оваа година е година на уставни измени за продолжување на европскиот пат, вели Каевски и додава дека и Заев демантираше дека имало средби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа