ВИДЕО: Како живее денес жената која има родено 44 деца - „За сите родители имам само една порака“

Понекогаш не знаеме како да се справиме со едно или две деца. Но, како би се справиле со 38?

И не, не е шега. Ова е 38-годишна жена која родила 44 деца, од кои шест починале.

Нејзиното име е Маријам Набатанзи, живее во селото Кибимбири, Уганда, а животот не и е лесен, ниту некогаш бил.

Кога имала 13 години, нејзините родители ја продале на човек кој бил 27 години постар од неа. Тие тоа го нарекле брак, но таа дури и не знаела за што станува збор, сè додека не ја оставиле сама со него во неговата куќа.

Една година подоцна, таа родила близнаци, а потоа тројка, а потоа и четворка.

Бидејќи била само тинејџерка, Маријам сфатила точно колку може да биде тежок бракот.

„Мојот сопруг имаше деца од претходните врски, и јас морав да се грижам и за нив. Тој исто така беше насилен и ме тепаше секогаш кога ќе имаше можност да го стори тоа”.

Во еден момент, кога веќе имала 23 години, решила да не се породува повеќе – го прашала докторот дали има постапка што ќе ја спречи повторно да забремени. По деталното испитување, лекарот заклучи дека таквата постапка во нејзиниот случај може да предизвика сериозни последици по нејзиното здравје.

Родила вкупно 44 деца; од кои шест пати близнаци, четири пати тројки, три пати четворки и две деца одделно.

Таа вели дека не жали за ништо, и дека децата се дар од Бога.

Единствено за што жали е што нејзините деца растат без нивниот татко.

Нејзиниот сопруг честопати исчезнувал со месеци, па дури и со години, за на крајот да ги остави засекогаш. Никогаш не учествувал во воспитувањето деца. Им давал само имиња, понекогаш само преку телефон. Најстариот син, 23, вели дека не го видел својот татко од неговата 13та година.

Но, Маријам нема време да жали или да се сожалува. Својот живот им го посветила на своите деца, давајќи им љубов и поддршка и осигурувајќи се дека имаат сè што им треба. Храната е најсериозниот трошок за ова семејство.

Сите нејзини деца одат на училиште. Најстарите близнаци сега се квалификуван негувател и градежен работник.

„Се надевам дека сите мои деца ќе завршат училиште, бидејќи имаат големи амбиции да станат лекари, наставници и адвокати. Сакам да го постигнат тоа, бидејќи тоа е нешто што јас не можев да го направам“.

За да ги покрие сите трошоци на животот, таа морала да совлада многу вештини. Собира разни растенија и ги препродава, прави колачи, бои, плете плетенки, организира и украсува прослави и организира млади невести, односно им прави фризури.

Таа има јасна порака за сите во нејзината култура:

„Престанете да продавате ќерки на мажи за брак. Тие страдаат многу и јас никогаш не можам да го надокнадам недостатокот на родителска љубов, ќе се борам моите деца и јас секогаш да имаме храна на маса и никогаш нема да ги оставам”.

Исто така, има порака за сопрузите и татковците:

„Никогаш не заборавајте на вашите обврски, бидејќи во бракот обврската да се воспитуваат деца е заедничка“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега