ВИДЕО: Камерите снимиле брутална пресметка во Мексико - телохранител со своето тело бранел жена

Благодарение на брзата реакција, мексикански телохранител успеал да заштити жена од маж кој се преправал дека е доставувач на пица.

Камерите под хотелот „Санта Фе“ во Мексико Сити снимиле доставувач на пица како на мотор се доближува до црн џип од кој телохранител извлекува багаж. Дури тогаш забележал дека нешто не е во ред.

Жена во тој момент ја отворила вратата од џипот, а телохранителот брзо ја засолнил со своето тело. Кога го видела човекот на мотор, веднаш почнала да бега кон хотелот.

И напаѓачот и телохранителот почнале да пукаат, но лажниот доставувач се исплашил и избегал.

„Одличен телохранител, многу добро облечен. Секогаш внимава и ги заштитува клиентите со своето тело“, рекол еден корисник на социјалните мрежи.

Не е познато зошто жената била мета, но ваквите појави не се реткост во Мексико каде цвета криминалот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега