ВИДЕО: Камерите снимиле што правел убиецот од Дејтон пред масакрот - уживал во ноќен клуб со сестра му и пријатели

Снимка од надзорна камера покажува што правел Конор Бетс неколку часа пред да почне да пука по луѓе во Дејтон.

24-годишниот Бетс пред пукањето поминал повеќе од еден час во бар во кој влегол со својата сестра Меган и пријател.

Конор не се истакнувал премногу, седел зад шанкот. На себе имал маица, шорцеви и патики. На снимката не се гледаат елекот и маската кои ги носел подоцна при пукањето.

Konor Bets i njegova sestra Megan

Како што се дознава, тие тројца влегле во споменатиот бар во Дејтон во саботата вечерта, во околу 23:09 часот. Бетс влегол прв и добил идентификациона нараквица, а по него влегло и неговото друштво.

Полицијата соопштила дека човекот кој бил во друштво со убиецот бил Чарлс Бирд. Утврдиле дека нема никакви назнаки дека тој или сестрата на Бетс таа вечер биле свесни дека Бетс со себе има оружје.

Од прилика, еден час пред влегувањето во барот во 00:13 часот, Бетс покрај излезот разговарал со вработените, потоа излегол од кафулето. Бирд и Меган останале во клубот до 00:59 утрината, кога и тие го напуштиле објектот.

Полицијата додала дека на снимките не може да се види дека имало некаква кавга меѓу Бетс и неговата сестра.

Да потсетиме, во околу 1 часот утрината во неделата, полицијата примила повик за пукање во трговски центар во Дејтон. Бетс со огнено оружје убил 9 лица, вклучувајќи ја и неговата сестра Меган.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега