(ВИДЕО) Коциќ: Поголеми плати во образованието ќе има

Во интерес на учениците и нивниот образовен процес, наставата мора да продолжи да се одвива непречено, потенцираше на денешната прес-конференција Ненад Коциќ од редовите на СДСМ.

Нарушување на наставата може негативно да се одрази врз учениците и воспитно - образовниот процес. Отсуството од наставата може да доведе до пролонгирање на школската година, негативно да влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит за околу 500 наставници.

Правото на штрајк е загарантирано, но интересот на децата мора да биде на прво место и до решение да се дојде преку дијалог, дополни Коциќ.

Коциќ истакна дека низ дијалог, во изминатиот период успеале платите да ги зголемат од 3.200 до 6.400 денари.

Низ дијалог ќе се реализира и новото покачување предвидено за оваа година. Поголеми плати во образованието ќе има. СДСМ преку Владата што ја предводи во континуитет покажува вистинска грижа за образованието.

Затоа, уште еднаш апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставниците да се вратат на своите работни места и наставата да продолжи. 

СДСМ продолжува со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците“, дополни Коциќ.

17.04.2022 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега