Видео кое ја разбранува јавноста некои ја бранат, други ја осудуваат: Баба остави бебето да падне за да ја спаси чашата со шампањ

Во изминатите неколку дена скоро и да нема човек што не го видел ова зачудувачко видео на социјалните мрежи, но засега не е познато каде и кога настанало.

На споменатото видео, бабата држи бебе кое се обидува да посегне по чаша шампањ. Во еден момент, бебето ја испушта чашата, а бабата го остава бебето да падне за да може да ја зграпчи чашата.

Според очекуваното, голем број корисници на социјалната мрежа ја осудија бабата затоа што на прв поглед се чини дека нејзиниот пијалок е на прво место, но има многу кои истакнуваат дека на бебето најверојатно не му би ништо бидејќи е јасно дека тоа учи да оди и веројатно често паѓа па наведуваат дека жената веројатно сакала да спречи да не се скрши стаклото покрај детето или да се полее со алкохол врз него.

„Баба реши да ја спаси чашата, а не бебето“, напиша еден твитерџија, а друг одговори: „Мислиш, баба реши да го спаси бебето од стаклото“.

Сепак погледнете па пресудете само дали изреагирала нормално или не.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега