Видео кое ќе ве расплаче: Мајка и син за првпат се прегрнуваат откако беа разделени поради коронавирусот

Пандемијата на коронавирусот донесе затворање на границите, домашна самоизолација и социјално дистанцирање. Во некои случаи, пандемијата раздвои и цели семејства.

Едно дете во Кина за првпат ја прегрна својата мајка, откако 29 дена беа изолирани.

Станува збор за здравствена работничка која 15 дена поминала на одделението за заразни болести во една болница борејќи се да ги спаси своите пациенти, а потоа и уште две недели се борела со самоизолација.

Таа на 14. месецов за првпат се вратила дома, во градот Шијанзуанг, во провинцијата Хебеи. Веднаш штом излегла од автобусот детето претрча и ја прегрна.

Во Кина забележани се над 80.000 случаи на заболени од Ковид-19. Сепак, последните податоци покажуваат дека има успех во начинот на кој тамошните власти го сузбиваат ширењето на заразата. Претставникот на Светската здравствена организација во Кина, др. Гауден Галеа порачува дека и другите земји можат многу да научат од кинескиот пример.

24.03.2020 - 22:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега