(ВИДЕО) Ковачевски: Од денеска СДСМ е на терен, доаѓаме во 946 населени места со сѐ што располагаме

 
На денешнатаа прес-конфереција претседателот на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски на јавноста и порача дека партијата започнувала со теренски активности. Најави дека во претстојниот период ќе посети 946 населени места. „Доаѓаме со се' што располагаме“, порача Ковачевски.
 
„Ние, македонските социјалдемократи, во овие 946 населени места доаѓаме со сиот наш потенцијал, со нашите пратеници, советници, со нашите ракодовства и одговорни претставници, со се што располагаме.
Во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница. Таму каде што ни е местото, меѓу народот, со граѓаните. Рамо до рамо со народот, со сите граѓани, ќе посетиме 946 населени места ширум татковината“, изјави премиерот.
 
„Да разговараме со нив, да го слушнеме нивниот глас за се она што им е важно. Да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и кажеме што следува во наредниот период. Секој ден ќе бидеме рамо до рамо со народот.  Заради подобра иднина на таковината а не затоа што наредната година има избори“, додаде Ковачевски.
 
Тој изјави дека доаѓале со крената глава, за да го слушнеле народот, но и како што кажа, да им дадат отчет за досега сработеното. 
„Ќе слушаме внимателно и внимателно ќе говориме. Имаме што да кажеме, но и да чуеме“, кажа претседателот на СДСМ.

05.04.2023 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега