(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ за 4,5 години за Тетово направи многу повеќе отколку другите за две децении претходно

Нашите заложби за Тетово како модерен, европски град ги исполнуваме на дело, порача на завршната конвенција пред вонредните избори за советници на општина Тетово, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
 
Претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ како централна власт, а до пред 10 месеци и како дел од локалната власт во Тетово реализирала и поддржала бројни проекти, за кои како што вели, го унапредиле квалитетот на живот за сите граѓани од оваа општина.
 
„Пред само неколку денови бев овде и ја имав честа да учествувам во поставувањето на камен – темелникот на една од најважните инвестиции во Тетово но и во регионот и државата. Овде, во нашето Тетово, за многу брзо, целосно ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на македонската индустрија и наш нов македонски бренд низ светот, рече Ковачевски, додавајќи дека она што денес е камен – темелник, утре ќе биде работно место за 890 работници.
 
Во изминатите четири и пол години, СДСМ преку централната власт, преку институциите, во Тетово вложи многу повеќе отколку за две децении претходно, Тетово веќе четири и пол години не е заборавена, изолирана општина, туку општина која се развива на секое поле, со низа крупни проекти, кои го менуваат животот на тетовчани на подобро“, истакна Ковачевски.
 
Меѓу поголемите проекти Ковачевски ги издвои новиот затворен пливачки базен, изградбата на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкцијата на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградбата на нов училиштен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово.
 
„Реконструирани се бројни улици, булевари и локални патишта со цел да се подобри комуникацијата на градот со останатите населени места, речиси и да нема сегмент од секојдневното живеење во кој во изминатите четири и пол години не сме инвестирале, тоа е вистинска грижа за Тетово и неговите граѓани, конкретни дела и решенија наместо празни флоскули и ветувања, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Тетово.

18.08.2022 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега