ВИДЕО: Кражба како на филм - крадец влегол покриен со бел чаршаф во кафе бар во Јанчиште

Безбедносните камери во локал снимиле кражба во Тетово. Како што може да се види од снимката, крадец покриен со бел чаршаф на главата како дух од хорор-филм, влегува во кафе-бар во село Јанчиште, од каде што успеал да одземе околу 70.000 денари, објави МКД.мк

Според информации на порталот ова е прва кражба во период од две години колку што работи овој објект. 

Додека крадел крадецот бил покриен со бел чаршаф, но надвор од објектот шетал непокриен и бил снимен од безбедносните камери.

Еден агол од безбедносната камера го снимил ликот на крадецот, а пред да влезе во објектот тој се покрива со бел чаршаф, ја отвора вратата од објектот без да ја допира кваката и тргнува по парите.

Неколку дена пред кражбата крадецот бил гостин во објектот и седел до затворањето на местото.

Ги следел вработените што прават и каде го оставаат прометот, како и дали и каде е поставена безбедносната камера. Но очигледно дека не забележал оти камера освен во локалот имало и во надворешниот дел, каде што поминал немаскиран, и по што е идентификуван и фатен. Ги вратил и парите што ги украл.

„На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе-бар каде што имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво ја отворил влезната врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари", информираат од СВР Тетово.

Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведено е 45-годишно лице од истото село.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа