ВИДЕО: Кражба како во акционен филм - разбојник украл вреќа со пари од штедилница во Суботица

Се слушна пукање како од пиштол. Беше брзо како на филм, рече еден од минувачите кој со неверување гледал во кражбата која се случила во средата утрината во штедилница Суботица.

Не е познато дали разбојниците биле запознаени дека таа улица е под камери, затоа што тука има голем број златари, а недалеку има и обложувалница.

Очевидците велат дека на местото на настанот бил виден автомобил со италијански регистерски таблички.

Како што дознава Курир.рс, од стрес ѝ се слошило на жената вработена во штедилницата, а подоцна лошо му било и вработениот во обезбедувањето на кој му бил украдена вреќа со пари. Никој за среќа не бил повреден, иако куршуми биле испукани од автомобилот, неофицијално се тврди дека двајцата раабојници биле вооружени и пукале при бегството.

Очевидците наведуваат дека еден од крадците чувал стража на врата, не влегол во штедилницата, но на вратата пукал во воздух, пред да му ја одземе вреќата со пари на вработениот како обезбедување.

Се претпоставува дека биле украдени околу милион евра, а двајцата крадци избегале во непознат правец и полицијата интензивно трага по нив. Еден од нив имал кожна јакна со натпис „обезбедување“, а на главата носел маска.

 
 
 
View this post on Instagram

Snimak sa nadzorne kamere oružane pljačke Poštanke štedionice u sredu, 16. oktobra.

A post shared by Subotica.com (@wwwsuboticacom) on Oct 18, 2019 at 12:09am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега