ВИДЕО: Крвава борба во Нагорно-Карабах - расте бројот на загинати, Ерменија тврди дека ја вратила контролата над поголем дел

Судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан продолжија и утринава уште пожестоко, а азербејџанските власти прогласија и делумна мобилизација.

Министерството за одбрана на Азербејџан објави на „ЈуТјуб“ снимка од напад на ерменски тенкови.

„Уште два тенкови на ерменските вооружени сили се уништени со прецизен удар на нашите единици“, стои во описот на објавеното видео.

Во Азербејџан е објавена делумна мобилизација, стои во указот на претседателот на државата, Илхам Алијев.

Ситуацијата на линијата на фронтот во Нагорно-Карабах, регион помеѓу Ерменија и Азербејџан, утринава се влоши. Властите на непризнаената република на Кафказот објавија дека припадниците на азербејџанската армија гранатирале населени места и има жртви меѓу цивилите.

Од друга страна, министерството за одбрана на Азербејџан соопштија дека ерменските сили утринава го нападнале градот Тертер во Азербејџан кој се наоѓа во близина на регионот Нагорно-Карабах.

И двете страни распоредија и веќе го употребуваат тешкото вооружување. Нагорно-Карабах инаку е меѓународно признат како дел од Азербејџан, иако е под контрола на етнички Ерменци. Кога регионот се отцепи во 1990-та година, во судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан загинаа илјадници луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега