ВИДЕО: Лекарите објавија снимка од белите дробови на заразен пациент со коронавирус - открија зошто некогаш ни респиратор не помага

Снимка која ја отсликува виртуелната реалност покажува колку брзо коронавирусот се шири по белите дробови и каква штета на нив предизвикува.

Лекарите ставиле пациент на респиратор, но тоа не помогнало и бил транспортиран на Универзитетот Џорџ Вашинготн.

Многу брзо видеото со јасен контраст меѓу здравото ткиво и ткивото инфицирано со вирус - вели д-р Мортман, објаснувајќи ја разликата меѓи синото, здравото ткиво и инфицираното тквио кое е означено со зеленкасти облаци.

-Разликата е така воочлива што не морате да бидете лекар за да забележите и сфатите дека ситуацијата е сериозна - додава лекарот, додавајчи дека вирусот очигледно не е изолиран на едно белодробно крило, туку се шири на двата.

Поради тоа што двете белодробни крила се заразени во толкава мера, не помогнал ни респиратор.

Како што статистиката досега говори, околу 80 отсто од пациентите од коронавирус искусуваат благи симптоми и инфекција. Останатите 20 отсто мораат да биде хоспитализирани, од што скоро 14 отсто се наоѓаат во тешка ситуација. Нешто над 6 отсто се во критична состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега