ВИДЕО: Мајката на градоначалникот на Будва - „Имам желба само да мавнам со стап по вистинската личност“

Милица Царевиќ, мајката на претседателот на Општина Будва, Марко Царевиќ, рекла дека има само една желба - „со стап да замавне по вистинската личност“.

Таа во средата биле пред зградата на Општина Будва, пред Марко Царевиќ да биде пуштен од полициската станица.

„Денеска дочекав да ги влечат, тепаат и газат. Срам да им е. Срам да им е.Желба имам само еднаш со овој стап да мавнам по вистинската личност“, рекла Милица Царевиќ.

Да потсетиме, завчера беше бурен ден пред зградата на Општина Будва. Полицијата го приведе Царевиќ и уште 22 лица, функционери во Општината.

Веднаш по апсењето избија инциденти, народот се собра пред Центарот за безбедност скандирајќи и барајќи нивно ослободување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега