ВИДЕО: Македонија во една фотографија - возило противпожарната служба го гасеше пожарот во Гевгелија

Завчера околу 13:00 часот избувна пожар во близина на граничниот премин Богородица, а во опасност беа бензинската пумпа на „Окта“, казиното „Фламинго“, како и граничниот премин кој неколку часа беше затворен.

Но, она што го привлече вниманието на јавноста беше видеото на ТВ каналот ВИС од Струмица, на кое се гледа едно од возилата кои се користеа за гасење на пожарот. По самиот изглед на камионот е очигледно дека е стар можеби 50-тина години и одамна требало да е ставен вон употреба.

„Пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчка територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило. Во локализирање на пожарот, покрај противпожарната единица - Гевгелија, учествуваше и јавното претпријатие „Комуналец“ со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотелот „Фламинго“. На грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро“, наведоа од општина Гевгелија.

05.08.2021 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега