ВИДЕО: Макрон срдечно ја поздравува со Меланија, а погледот на Трамп кажува се - намрштено гледа кон францускиот лидер

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот американски колега Доналд Трамп имале неколку непријатни средби на самитот на НАТО во Лондон, а сега уште една снимка привлече внимание од јавноста.

На приемот кај Борис Џонсон во Даунинг стрит 10, Макрон срдечно ја поздравил Меланија Трамп.

Макрон не бил толку заинтересиран повторно да се поздрави со Трамп, а потоа со широка насмевка се свртел кон Меланија и со двете раце ја држел нејзината рака.

За тоа време Трамп цело време бил намрштен.

Да потсетиме, многу лидери се многу лути затоа што рекол дека НАТО е „клинички мртов“, а потоа бил снимен како со Џонсон и канадскиот премиер Џастин Трудо го озборуваа Трамп, што него, секако, не му се допаднало.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега