(ВИДЕО) Мал авион слета на автопат во Словенија

 

Помал авион принудно слетал на автопатот кај Брежје во правец кон Јесеница во Словенија, јавуваат словенечките медиуми.

Како што соопштила полицијата, во авионот имало две лица, кои не се повредени. Оттаму додаваат дека е обезбеден делот од патот каде што е извршено принудното слетување.

Според Словенечката служба за безбедност и спасување, околу 14 часот и 30 минути добиле дојава дека авионот принудно слетал на автопатот. Според извештаите, авионот при слетувањето удрил во насип и се превртел. Луѓето кои биле во авионот успеале сами да излезат од него.

На терен се пожарникари од Крање и Јесенице, како и членови на доброволната противпожарна служба од Радовљица.

Како што беше кажано на аеродромот во Леска, авионот полетал од нивната писта и се било во ред додека не ја изгубиле комуникацијата со него. За време на летот, пилотот се приклучил на фреквенцијата на словенечката служба за контрола на летање.

Според информациите до кои дошле локалните медиуми, авионот имал проблеми со моторот. Пилотот пријавил дека принудно слетал и тоа го направил на автопатот.

Понатамошната истрага ќе утврди дополнителни детали во врска со овој настан.

Засега е познато дека авионот летал на околу 300 метри надморска височина, на подрачје кое не е контролирано од словенечката контрола на летање и каде претежно летаат спортски авиони.

Сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива по една коловозна лента, а метеж е создаден и во правец кон Јесеница.

05.08.2022 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега