ВИДЕО: Малку фалеше да прегази полицаец- гостиварец се обиде да побегне

Гостиварец во обид да побегне, малку фалеше да прегази полицаец, објави „А1 он“.

 Настанот се случи доцна попладнево, кога во центарот на градот, сообраќајна полициска контрола го застана 49 годишниот возач од гостиварското село Балиндол, за да го легитимира.

Наместо да застане и ги испочитува наредбите од службеникот, тој се обиде да му избега, а полицаецот трчаше по возилото за да го застане, а притрчаа во помош уште двајца службеници.

„Во 17.10 часот на ул.Б.Ѓиновски во Гостивар бил лишен од слобода И.Б. (49) од с. Балиндол поради напад на службено лице при вршење на службени дејства. И.Б. е приведен во ПС Гостивар и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР за „А1он“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2021 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа