(ВИДЕО) Манасков: Училишта ќе пренаменувале во старски домови - срамота за Јаневска

 
Министерка Весна Јаневска во само една година успеа да направи незапаметен хаос во образованието, целосно да го урне достоинството на просветните работници и да нанесе штета врз учениците. Образовниот систем Јаневска го претвори во лабораторија за политички експерименти на ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и просветните работници. Сега најавува затворање на 100 училишта и без срам вели дека треба да се пренаменат во старски домови, изјави на денешната прес-конференција Јованче Манасков, од Комисијата за образование на СДСМ.
 
Ова е крајниот доказ дека Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту визија, ниту план за образованието. Не знаат што да прават, па ќе затвораат стотици училишта.
Училиштата се срцето на секое општество, тие се иднината на земјата. Очигледно Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ не ја разбираат ниту улогата ниту значењето на училиштето.
Наставниците се понижени, нивниот труд е погазен целосно.
Јаневска удри и врз учениците, и тоа врз најранливите, врз најчувствителната група ученици, додаде Манасков.

21.07.2025 - 13:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега