ВИДЕО: Марија Шерифовиќ на плажа со победничката на „Ѕвездите на Гранд“ - уживаат во летните лудории

Пејачката Марија Шерифовиќ ужива на одмор, а многумина коментираат дека на фотографиите кои пејачката ги објавува од летувањето, просто блеска.

Дали причината за тоа е друштвото на младата Џејла Рамовиќ, која благодарение на менторството на Шерифовиќ победи на „Ѕвездите на Гранд“ никому не му е јасно, но она што секако јасно се гледа е дека двете лудо се забавуваат на плажа.

Имено, Шерифовиќ го искористила моментот на невнимание на младата пејачка па ја полеала со вода додека спиела опуштена на сонце. Таа се налутила, па почнала да ја брка на плажата.

„Зајакот се налути. Не се секирајте, не настина“, напиша Марија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега