(ВИДЕО) Миланов: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ја води општина Штип во финансиски амбис

 

Kога во редовите на политичарите најмногу треба да владее единство ние имаме опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, која секој успех на Mакедонија го доживува како свој неуспех, истакна на граѓанската трибина на СДСМ во Штип, претседателот на ОО СДСМ Штип Јане Миланов.
 
Миланов нагласи дека единствена агенда и цел на ВМРО-ДПМНЕ е да дојдат на власт, и тоа по секоја цена, макар и на штета на државата и по цена на жртвување на иднината на младите и на идните генерации.
 
Разликата меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е огромна и на локално и на централно ниво, посочи Миланов.
 
Тој нагласи една година локална власт во Штип е исполнета со импровизации, непрофесионалност, неодговорно и недомаќинско работење, со лоши кадровски решенија.
 
Логична последица од сето тоа е лошата состојба во која се наоѓа градот, наспроти нивните предизборни ветувања кои всушност биле само шарени лаги и се далеку од реализација, рече Миланов, додавајќи дека се почести се прекините во водоснабдувањето што е доказ повеќе на лошото менаџирање на ЈП, но и на градот воопшто.
 
Сепак мора да признаеме дека има нешто во што тие се многу, многу добри. Собирање пари на грбот на граѓаните и задолжување на сметка на идните генерации преку низа погубни, штетни одлуки донесени од нивното мнозинство во Советот на општината, нагласи Миланов.
 
Претседателот на ОО СДСМ Штип наведе дека цената на ѓубретарина е покачена за 110%, а надоместокот за уредување на градежно земјиште за скоро 30%.
 
ВМРО-ДПМНЕ ја задолжи  општината со кредит од 100 мил.ден со грејс период од 3 год, а нивната најнова катастрофална одлука е распишување на општинска обврзница во износ од 4 милиони евра. Со катастрофалната политика локалната вмровска власт ја води општина Штип во финансиски амбис, задолжувајќи ги граѓаните и крчмејќи го, распродавајќи го општинскиот имот, порача претседателот на ОО СДСМ Штип Јане Миланов на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“. 

26.11.2022 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа