ВИДЕО: Милион дози од кинеската вакцина стигнаа во Србија - Вучиќ лично ги дочека на аеродром

Во Србија утрово пристигнаа милион дози наод вакцината против коронавирусот од компанијата Сиоафарм.

Авионот на Ер Србија со првиот контингент во нешто пред 10 часот, лично на белградскиот аеродром го дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Со Вучиќ на аеродромот бил и кинеската амбасадорка Чен Бо, шефот на БИА Братислав Гашиќ, министерот за здравство Златибор Лончар.

-Убав е овој авион, убави ни се знамињата, ексцеленцијо - ѝ рекол претседателот на амбасадорката Чен Бо додавајќи дека во секој од тие контејнери има по 125.000 вакцини. Претседателот потсетил и на покојниот капетан на Ер Србија, Светислав Враниќ кој починал од корона, а Србија ќе го памети по првиот лет со кој беше примена помош од Кина на почетокот на пандемијата.

Вучиќ додал дека Србија се уште не добила ниедна вакцина преку Ковакс, туку дека сите вакцини кои стигнале во земјата се резултат на билатерални договори - со Американците за Фајзер, со Русите за Спутник и со Кинезите.

-За среќа бевме паметни да работиме за земјата и да го извлечеме најдоброто од нашите партнери. Имам искуство, знам како оди тоа и колку мора да се борите за земјата да добие нешто. Има земји кои немаат ниедна вакцина - рекол Вучиќ.

Тој пред новинарите на аеродромот рекол дека вакцината ќе биде во употреба штом добие дозвола од српската Агенција за лекови и медицински средства.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега