ВИДЕО: Мистериозна жена сведочела против Ел Чапо - му била љубовница, а шпиунирала за ФБИ

На крајот на судењето на кое Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, најпознатиот нарко-бос на светот добил доживотна казна, се појавила и една жена.

За време на судењето се појавиле голем број луѓе од неговото минато кои сведочеле за неговите злосторства, како и картелот Синалоа. Платениот убиец опишал дека Гузмнан лично закопал живо човек и како други двајца живи запалил.

Братот на неговиот најблизок соработник раскажал дека рутински ја подмитувал полицијата, воската и скоро секој селужбеник во Мексико. Дури и една од неговите љубовници сведоќела против нњего и се присетила како јавно ја присилил гола, со него пред мексиканските војници да избега низ тунел скриен под кадата во купатилото.

Во четвртокот се појавила и последната личност од минатото на Гузман, пишува  New York Times.  За неа обвинителите наведуваат дека била важна за неговиот пад, но досега не сведочела.

„Јас сум Божјо чудо, затоа што Гузман се обиде да ме убие3, рекла таа. Андреа Велез имала неколку улоги во долгогодишното водење на картелот: била лична помошничка на Гузман, жртва при планирање убиства, таен доушник на ФБИ.

Таа на суд во Бруклин раскажала на кој начин злосторствата на Гузман имале последици по неа. Гузман го прогласиле за виновен за убиство на десетина луѓе, но таа е единствената која ги изнела сведочењата од позицијата жртва.

На судијата, кој Гузман го осудил на доживотен затвор, 15 минути му раскажувала низ солзи дека Гузман, откако нивната врска се изладила, платил милион долари на една група наречена „Ангели од пеколот“ за да ја ликвидираат. Велез инаку е една од најтаинствените појави на ова судење.

Претходно на суд како сведоци се појавиле своетникот на нарко-босот за висока технологија, неговиот главен добавувач од Колумбија и еден од неговите главни американски соработници. Велез на суд дошла во црно одело и врзана коса.

„Ти простувам и се надевам дека и ти ми простуваше мене“, рекла таа плечајќи.

Истакнала дека е подготвена јавно да истапи откако 7 години работела во тајност за владата, но дека во сенка ќе остане и после сведочењата.

Истакнала дека во 2010 година почнала да работа за еден од заменик помошниците на Гузман, и тоа за колумбискиот криумчар Алек Цифуентес.

Цифуентес го сретнала во Канкун и патувала со него по Колумбија, Еквадор и Канада запознавајќи се со деталите на работата со дрога. Тоа набрзо станало нејзина главна работа, но и истовремено продолжила да води своја менекенска агенција. Во таа улога неретко договарала платени сексуални односи меѓу жените кои ги познавала и богатите, моќни мажи.

„Моите соништа за големи работи станаа моја најлоша ноќна мора. Изгубив семејство, пријатели, станав сенка без име“.

Исто така не се знае дали Андреа Велез е нејзиното вистинско име. Во информатичката база за податоци ја нема нигде, што значи дека не би се знаело ниту дека веќе е обвинета, ниту дали ѝ се судело или не.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега