(ВИДЕО) Митева: Владата во целост да ги исполни барањата на СОНК

Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања, порача од денешната прес-конференција, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк. Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, застана во одбрана на Владата наместо да ги штити правата на работниците. Ова го истакна Митева во своето обраќање.

Таа истакна дека уцените, притисоците и заканите не и успеале на власта, како што рече, да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките.

Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори, дополни портпаролката Митева на денешната прес-конференција.

25.04.2022 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега